spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Тупанчески се сретна со претставници на НДИ за нов Изборен законик

МП: Тупанчески се сретна со претставници на НДИ за нов Изборен законик

Министерот за правда Никола Тупанчески  оствари средба со претставници на  НДИ кои беа информирани за активностите кои ги презема Министерството за подготовка на нов Изборен Законик.

На средбата присуствуваа Вишиот резидентен директор на НДИ Роберт Скот Хејзлет и менаџерите на програми во НДИ. Министерот Тупанчески ги информираше за иницијативата за формирање нова работна група со која ќе претседава непартиска стручна личност и напомена дека очекува конструктивен дијалог на сите политички субјекти , невладини организации и здруженија   во дефинирањето на изборните правила.

Очекувањата се соработката со НДИ да продолжи и во наредниот период и да се донесе закон кој ќе биде прифатен со консензус.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...