Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на платото пред Владата, го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, кој пристигна во еднодневна официјална посета на нашата земја.
Канцеларот Шолц и неговата делегација беа пречекани со највисоки државни и воени почести и со интонирање на државните химни на Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, по што започна работниот дел од посетата.
Во работниот дел од агендата е предвидена тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со канцеларот Шолц, по што ќе следува билатералната средба на двете делегации.
Според агендата, официјалната посета на канцеларот Шолц на нашата земја ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски.
Извор: Влада