На XIII седница на Советот на Кочани одржана на 9.6.2022 година дневниот ред беше проширен за точката предложена од членот на Советот делегиран од Левица: ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА СО КОЈА ПРЕСТОЈОТ И ИСХРАНАТА НА ДЕЦАТА ВО ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ ЌЕ БИДЕ ОСЛОБОДЕН ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА. По истата се дискутираше над еден час, но на крај, откако сите искажаа таксативна поддршка за иницијативата, истата не беше усвоена (со 7 гласа ЗА, 1 ПРОТИВ и 10 ВОЗДРЖАНИ).
Од говорницата беа искажани најразлични аргументи зошто НЕ ТРЕБА да се поддржи иницијативата, сите со заеднички именител: НЕМА ПАРИ!
Она што хипокризијата на двете партии кои наизменично се менуваат на власт не може да го согледа е дека ПАРИ ИМА, но ним не им се трошат за исполнување на потребите на граѓаните.
За илустрација: во мандатот на претходниот градоначалник беа потрошени неверојатни 800.000 евра или близу 50.000.000 денари за поплочување на паркот и изградба на фонтана, средства од Буџетот на општина Кочани.
Затоа за децата – нема пари, иако Кочани засилено се празни, па наскоро, доколку власта не го промени моделот на владеење или народот не ја промени власта, ќе нема ниту деца.
Извор: ЛЕВИЦА