spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМакедонската економија тоне со оваа власт, инфлацијата е највисока, а растот на...

Македонската економија тоне со оваа власт, инфлацијата е највисока, а растот на БДП најнизок во регионот. Премногу е!

Со власта на СДСМ и ДУИ македонската економија тоне секој ден, а граѓаните осиромашуваат.

Стапката на инфлација во Македонија надмина 11% и е една од највисоките во Европа. Сите основни продукти и потреби на граѓаните пораснаа од 50 до 100%. Власта мува не ја лази, за тоа што стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа.

Ако СДСМ и ДУИ го прифатеа Предлог-законот за акцизите, со кој треба акцизите на течните горива да се намалат 50%, и Законот за ДДВ, со кој треба да се намали ДДВ за храна од 5 на 0%, а на горивата од 18 на 5%, ценовниот шок за граѓаните ќе се намалеше. Но, на власта на СДСМ и ДУИ им беше битно да го полнат буџетот на сметка на граѓаните за да можат потоа да трошат за непродуктивни трошоци како што е набавки на службени возила за 5 милиони евра.

Освен инфлацијата загрижувачки мал е раст на БДП за првиот квартал на 2022, кој е убедливо наслаб во споредба со земјите од регионот. Во Македонија растот на БДП е само 2,4%, а во Србија и Бугарија тој изнесува над 4%, а во Хрватска и Словенија е 7-8%. Зарем овие земји не се погодени од глобалните кризи? Одговорот е дека овие земји немаат толку корумпирана и криминална власт како што тоа е власта на СДСМ и ДУИ.

Затоа велиме премногу е! Затоа повикуваме на Протест за промени на 18 јуни и предвремени избори, кои  се решението за излез од кризите, што оваа неспособна Влада ги создава и катализира!

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...