Дозволете ми пред се да го изразам моето огромно задоволство, но и чест, што Охрид е домаќин на овогодишните балкански спортски игри!
Земјите од Балканот стануваат се поблиски соработувајќи на различни полиња, а спортот е еден од нив и тоа високо на листата.
Честа е уште поголема што еден ваков настан е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт во соработка со Федерацијата на училишни спортови!
Денес тука е нашата иднина! Иднината на Балканот! Средношколци од различни земји, тука во Охрид ќе го развиваат тимскиот дух, ќе го усовршуваат фер плејот и ќе почувствуваат здрава компететивност.
Но, најважно, овие млади кои во наредните денови ќе учествуваат во спортските игри, пред сѐ, ќе имаат можност подобро да се запознаат, да бидат поблиски и во различностите, да стекнат пријателства кои можеби ќе бидат за цел живот! И ќе бидат пример којшто и други млади луѓе ќе може да го следат!
Ви посакувам успех, но пред сѐ и убава дружба и соработка која ќе трае!
Извор: Агенција за млади и спорт