spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за учество на обука: Инклузија за нови Корисници

НАЕОП: Јавен повик за учество на обука: Инклузија за нови Корисници

Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 18-810/2 од 09.06.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува Јавниот повик за избор на 3 учесници за обука на тема:

Инклузија за нови корисници

05 – 09 септември 2022 година,

Букурешт, Република Романија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Република Романија, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на обуката “Инклузија за нови корисници” кој е составен дел од долгорочните активности (LTA) во полето на образование и обука, во Букурешт, Република Романија.

Оваа обука е наменета за преставници на мали организации од областа на училишното, стручното или образованието за возрасни и се фокусира на инклузивни активности или работа со ранливи целни групи.

Специфични теми кои ќе се опфатат со обуката се:

  • Информации за програмата Еразмус + и за партнерства од мал обем,
  • Релевантноста на проектите кои се реализираат со поддршка на Еразмус+ програмата во различни организации и работни средини;
  • Како и каде да се најдат партнери;
  • Структура на проект;
  • Елементи на проектен менаџмент;
  • Специфични активности во рамките на проектот Еразмус+;
  • Резултати и влијание;
  • Идни можности за активности и
  • Пополнување на апликациска форма.

 

Очекувани резултати:

Целта на обуката е да се обезбеди простор за неискусните организации да дознаат и научат повеќе за програмата Еразмус+, да создадат соодветна рамка за интеракција со колеги професионалци, но најмногу да им даде на учесниците можност да добијат соодветна поддршка за пишување на предлог проекти за соработка од мал обем.

Настанот вклучува концептуални појаснувања, групни работни сесии, теоретски презентации, индивидуална работа, како и групни дискусии и/или појаснување на конкретни прашања.

Во овој процес, сите учесници ќе бидат придружувани од добро обучени обучувачи со долгогодишно искуство во спроведување на Еразмус+ проекти.

!Дополнително, секој учесник ќе добие онлајн сесии за обука и повратни информација еден-на-еден по курсот за обука, пред крајните рокови за поднесување проекти.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Обуката ќе се реализира во периодот од 05 – 09 септември 2022 година (05-ти септември е ден на пристигнување, 09-ти септември е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување во еднокреветни соби, ручеци на 6, 7 и 8 септември, вечери на 5, 6, 7 и 8 септември, 2 кафе паузи на ден.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Букурешт, Република Романија. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 22.07.2022 година до 12 часот на пладне.

 

Линк за аплицирање:  https://salto-et.net/events/show/RO01_0390_TSS_2022

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...