spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Изложба „Нашиот јазик“ во Куманово

АПЈ: Изложба „Нашиот јазик“ во Куманово

Учеството на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ во активности поврзани со албанскиот јазик веќе стана секојдневна пракса. Такво беше и нејзиното учество на изложбата „Нашиот јазик“, што беше отворена во Основното општинско училиште „Јероним де Рада“ во с. Черкез (Куманово) во рамките на деновите на ова училиште.

Учесниците ги поздрави директорот на ова училиште г. Мемет Бајрами На овој настан од името на АПЈ присутните ги поздрави државниот советник за превод, Неби Билали. Пред присутните говореше и наставникот Емрах Биљали, кој им се заблагодари на сите што придонесоа за оваа културна активност.

По завршување на говорите, заеднички беше отворена предметната изложба, што содржеше фотографии и документи за историјата на албанскиот јазик, како и уметнички дела на учениците од ова училиште.

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...