Во рамки на одржување на 12 Министерска конференција на Светската трговска организација (СТО), во периодот од 12 до 15 јуни во Женева, државниот секретар Размена Чекиќ-Дуровиќ во своето излагање ја пренесе следната порака до земјите членки на СТО.
Република Северна Македонија придава големо значење на владеење на отворен мултилатерален трговски систем кој треба да продолжи да се заснова на добро функционирање дури и во време на криза. СТО има централна улога во решавање на трговски прашања и поддршка на членките да избегнат невидени нарушувања на глобалните синџири на снабдување и зголемување на трговските тензии. Сите бевме сведоци дека транспарентноста на примената на трговските мерки и извозните ограничувања на критичните производи се најмногу присутни во време на криза.
Во оваа фаза, основната работа на што треба да разговараме е дефинирање на следните чекори во областите како што се трговија и здравство, земјоделството и безбедност на храната, е- трговија и други.
Приоритетни иницијативи на Република Северна Македонија, каде што во периодот до одржување на оваа конференција бевме активно ангажирани, се: 1) можностите за олеснување на инвестициите, 2) преземање дополнителни обврски за распоредот на ГАТС, 3) перспективите за е-трговија, 4) поддршка на родовата перспектива и економско зајакнување на жените и 5) одржливост на синџирите на снабдување во циркуларната економија, со цел да се задржи чекор со случувањата во глобалната економија и да се создадат дополнителни можности за инклузивна трговија и диверзификација, правејќи ги нашите економии поотпорни.
Република Северна Македонија е задоволна од завршувањето на преговорите за Референтниот документ за домашна регулатива за услугите и веќе ја започна домашната процедура за усвојување на документот, пред да се достави Распоредот на специфични обврски за сертификација во СТО.
Република Северна Македонија активно ги води преговорите за пристапување кон Спогодбата на СТО за јавни набавки (GPA), како знак на транспарентен електронски и недискриминаторен систем за јавни набавки во согласност со најдобрата меѓународна практика.
СТО треба да продолжи со својот активен ангажман во нашите дискусии за работните планови за домашна поддршка за земјоделството и зајакнување на транспарентноста за ограничување на извозот и забрана за земјоделски производи, со цел да се обезбеди отворена трговија и регулаторна кохерентност. Да се олесни интеграцијата на малите економии, како што е Северна Македонија, во мултилатералниот трговски систем. Ние, колективно, имаме морална обврска и политичка волја да генерираме придобивки за сите наши членови.
На крајот во своето излагање посака успех во работата и изрази надеж дека ќе се успее да се прати порака до светот дека значаен напредок е постигнат.
Линк: https://www.wto.org/english/thewto_e/minist_e/mc12_e/mc12_statements_e.htm
Извор: Министерство за економија