Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денескa беше во посета на корисник на мерката за поттикнување на земјоделското производство од програмата за рурален развој.
Ристе Коцев е успешен корисник на финансиска поддршка обезбедена од Агенцијата, во вид на грант за набавка на опрема за краварска фарма.
“ Нашиот денешен домаќин со потпишаниот договор за финанисиска поддршка има набавено опрема за неговата краварска фарма и тоа машина за молзење, цистерна за течно изгубривање, лактофризер, приколка и линија за производство на сточна храна. Целата инвестиција вреди околу милион денари и истата е поддржана од страна на АФПЗРР“ – истакна Бачовски.
Агенцијата за финансиска поддршка преку програмата за рурален развој силно ги поддржува сите апликанти чии проекти предвидуваат модернизација на нивното растително или сточарско производство. Со воведување на нови технологии се очекува забрзан раст на производството на храна и зголемена конкурентност на македонските земјоделци.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој