spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Работна посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија

АПЈ: Работна посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Делегација на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, предводена од директорот Илбер Села оствари работна посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија, каде што оствари средба со генералниот секретар на оваа организација, Саит Саити.
Во оваа пригода беше реафирмиран интересот на Агенцијата за соработка со Црвениот крст како самостојна, невладина, доброволна хуманитарна организација што врши работи од јавен интерес од областа на здравството и социјалната заштита, врз принципите на хуманизам и солидарност.
Директорот Села го информира својот соговорник за досегашната работа и планираните активности на Агенцијата, во интерес на правилна и доследна примена на албанскиот јазик, на институционално и на локално ниво, согласно Законот за употреба на јазиците.
Од друга страна, генералниот секретар Саити го запозна својот соговорник со начинот на работа на организацијата и примената на албанскиот јазик во нејзината работа што претставува добар модел за функцонирање на една невладина организација и се заблагодари на претставниците на Агенцијата за нивната посета, искажувајќи отвореност за соработка на заеднички иницијативи.

Прочитајте