spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаТаикс работилници за претставници од институциите на централната власт

Таикс работилници за претставници од институциите на централната власт

На 13-ти и на 15-ти јуни во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржаа 3 работилници за претставници од институциите на централната власт и една работилница онлајн наменета за претставниците на локалната самоуправа.

На овие работилници, по неколку годишно отсуство заради пандемијата, претставник од канцеларијата на ТАИЕКС Брисел во соработка со ТАИЕКС контакт лица од Секретаријатот за европски прашања и од Делегацијата на ЕУ, се прикажаа најновите информации во однос на спроведувањето на инструментот  и можностите кои истиот ги нуди и адресирање на пројавени прашања и предизвици во текот на неговото користење.

Беа поканети и зедоа учество околу 60 лица од сите институции на централно ниво а презентациите и дискусиите беа организирани во три кластера (за животна средина, за внатрешен пазар и за темели).

За претставниците на локалната самоуправа и претставниците од Планските региони беше одржана онлајн работилница. Учесниците беа запознаени со досегашното кусо искуство со овој нов инструмент на ЕУ и беа поттикнати да размислуваат за активности за кои можат да побараат помош преку истиот а кои ќе придонесат во подобрувањето на квалитетот на животот на локално ниво.

ТАИЕКС инструментот минатата година прослави 25 години од своето постоење.  Тој се смета за најуспешен инструменти на ЕУ кој ги приближува практиките од  земјите членки на ЕУ  и оние земји кои аспирираат или се кандидати за членство во ЕУ. Облиците на соработка кои се нудат преку ТАИЕКС инструментот се работилници, експертиза и студиски патувања со цел трансфер на ноу-хау, добри искуства, знаење и практика од земјите членки на ЕУ, а самиот инструмент за целна група за администрацијата на централно ниво во земјите аспиранти и кандидати.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...