spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба на Државната секретарка Дрита Абдиу Халили со Марика Линтам

Средба на Државната секретарка Дрита Абдиу Халили со Марика Линтам

Отворањето на пристапните преговори со нашата земја и со Албанија е од клучно значење како потврда дека процесот на проширување на ЕУ е жив истакна државната секретарка Дрита Абдиу Халили на средбата со делегацијата на Естонија предводена од Марика Линтам (Marika Linntam), Генерален директор на Директоратот за европски прашања при Министерството за надворешни работи во Естонија.

Меѓу другото државната секретарка истакна дека процесот на реформи во ЕУ останува наш приоритет и сме подготвени да ги удвоиме нашите напори за понатамошна реализација на Агендата на ЕУ со цел да го задржиме позитивното портфолио на нашата земја, овозможиме понатамошно јакнење на механизмот на координација како и зајакнување на улогата предводник на процесот на преговори и привлекување на професионалци во него.

Имаме во предвид и особено го цениме фактот дека Естонија е земја меѓу нашите најважни и најгласни партнери кои обезбедуваат безусловна поддршка за нашето пристапување во ЕУ, демонстрирано во многу наврати во Советот, вклучително и во Групата Пријатели за проширување, истакна државната секретарка Абдиу Халили.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте