Државната секретарка во СЕП г-ѓа. Дрита Абдиу Халили учествуваше на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, која се оддржа во Охрид на 03. Јуни оваа година.
Годинашната конференција, со која претседаваше претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми претставува форум за редовна размена на ставовите кои се однесуваат на Процесот за стабилизација и асоцијација, Стратегијата за зачленување во ЕУ на земјите од Процесот, како и на процесот за проширување на ЕУ.
На Конференцијата учествуваа членовите на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања од Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора,како и членовите на комисиите за европски интеграции на Големото национално собрание на Република Турција и на Парламентот на Косово, кои присуствуваа на Конференцијата како набљудувачи.
На Конференцијата беа дадени заклучни согледување во смисла на дека регионот нема друга алтернатива, освен зачленување во Европската унија и дека ЕУ треба да го зачува соодветното внимание и комуникација кон процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.