spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Скопје првиот град во регионот со Bus Rapid Transit

Град Скопје: Скопје првиот град во регионот со Bus Rapid Transit

Градоначалникот Шилегов се обрати на тркалезната маса на градоначалниците на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР, што се одржа онлајн,  и ги изнесе плановите  и тековните активности на Градот за подобрување на  квалитетот на животот на скопјани.

– Скопје е првиот град во Северна Македонија што се приклучи на Зелените градови на ЕБОР и го започна развојот на акциониот план.Во март 2019 година, Градот Скопје и ЕБОР го започнаа Акциониот план за зелен град (GCAP) следејќи ја методологијата на ЕБОР, како дел од вклучувањето на градот во програмата на Зелените градови на ЕБОР. GCAP ќе му помогне на Скопје да ги идентификува, да им даде приоритет и да ги реши своите најгорливи еколошки предизвици со одржливи инвестиции во инфраструктурата и соодветни политички мерки. Верувам дека мерките предложени од GCAP ќе го подобрат животот на нашите жители. Горди сме што Скопје е првиот град на Западен Балкан што го воведува систем BRT – Bus Rapid Transit. За граѓаните на Скопје ова е остварување на сонот по 40 години. Сега добиваме подобар систем за транспорт во согласност со нашите потреби. Добиваме брз, безбеден и одржлив јавен превоз, што ќе биде атрактивен  и ќе го олесни намалувањето на сообраќајниот метеж и загадувањето на воздухот – рече Шилегов.

 

Подобрувањата во јавниот превоз ќе помогнат да се зголеми употребата на јавниот превозот и да се намали користењето приватни автомобили. Градот ќе обезбеди модерна инфраструктура и услуги преку кои овој концепт на брз транспорт на автобуси ќе го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани.

– Градот Скопје иницираше имплементација на системот за паметно осветлување и платформата Дигитален град, заснована врз најнапредните технологии (Интернет на нештата – IoT) што ќе овозможи поврзување на различни уреди и компоненти со платформата преку Интернет со цел да се соберат податоци и да ги разбере настаните во реално време, да ги анализира и да ги преземе потребните активности-  кажа Шилегов.

 

Дигиталната градска платформа треба да ги вклучува следниве функционални модули:

  • Паметен систем за осветлување;
  • Паметен систем за паркирање;
  • Следење на системот за квалитет на воздухот;
  • Јавно мислење и систем на задоволство на граѓаните;
  • Паметно мерење на системот за потрошувачка на вода;
  • Градски портал за Интернет на нештата – IoT.

 

Со цел да се промовира енергетската ефикасност на Град Скопје и да се намалат трошоците во сегментот на градско осветлување, Градот е во фаза на имплементација на ЛЕД  и паметно осветлување.

Според првичните анализи, имплементацијата на ЛЕД системот за јавно осветлување како извор за енергетски ефикасно осветлување и дополнително користење на опцијата за регулирање (придушување) на нивниот интензитет на осветлување, овој систем ќе ги намали трошоците за јавно осветлување за 70% во споредба со тековниот систем.

– Ова е нашето кратко резиме на тековните активности во градот, но морам да кажам дека Градот Скопје ја продолжува својата работа за подобрување на многу други паметни решенија што ќе го стават Скопје на мапата на зелените градови како модел за другите градови во земјата и регионот –истакна Шилегов во денешното обраќање на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР.

Извор: Град Скопје 

Прочитајте