spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2022 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 110.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите:
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24.8 %), Уметност, забава и рекреација (20.1 %) и
Административни и помошни услужни дејности (17.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8.3 %), Градежништво (5.6 %) и Дејности во врска со недвижен имот (4.5 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2022 година, изнесува 31 525 денари.

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...