Oсновната мисија на Универзитетот претставува квалитетно образование на млади кадри во квалификувани и компетентни стручњаци спремни да конкурираат на националниот и меѓународниот пазар на труд. Верувам дека знаењето кое наставниот кадар го пренел на студентите, ќе им биде од голема корист.
Ова го истакна министерот за образование и наука на доделувањето на дипломите на дипломираните студенти на Меѓународниот балкански универзитет.
– Со самиот Ваш избор за продолжување на образованието на овој универзитет, Вие ја направивте најголемата инвестиција во Вашиот живот. Да се инвестира во знаење и образование, е најсигурната одлука, како на личен така и на општествен план. Вие сте личности кои се стекнале со вештини и компетенции, кои се подготвени стручно и професионално да се справуваат со предизвиците на новото време ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот, со што ќе придонесат, како за сопствената, така и за општата благосостојба на заедницата во која живеат, рече министерот пред студентите.
Меѓународниот балкански универзитет, потенцираше Шаќири, е еден од ретките во земјава, кои доделуваат стипендии за своите студенти, односно придонесува за зачувување на семејниот буџет, со што истиот прераснува во институција – општествено одговорна која покрај основната задача, има и за цел унапредување на економската состојба на државата и општеството.