Со финансиска поддршка на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, фирмата Енергомонт денеска постави нова водоводна инсталација на улицата 1010 (од ул. Жданец до ул. Мокра), која се наоѓа во населбата Козле.
Инаку, по должина на улицата Козле се поставува нова водоводна инсталација со пречник (дијаметар) Ф100, кон која се поврзува новата инсталација на ул. 1010 со пречник Ф80. Со оваа интервенција се добива кружен тек на водата, која ќе им овозможи на жителите од овој реон да се снабдуваат со поквалитетна питка вода.
Извор: Општина Карпош