Основањето на Професионалната кујна за здрава храна и Центарот за обука на лица со попреченост и други ранливи групи граѓани, се поблиску.
Следуваат интензивни теренски работи со претставници на УНДП и приватниот сектор, за можноста за развој на јавно-приватно партнерство (ЈПП) со општина Гостивар.
Новата кујна ќе функционира во кујнскиот простор на поранешниот колеџ „Јахја Кемал“ во Гостивар.
На приватниот партнер му нудиме можност долгорочно да го закупи просторот под одредени услови за бесплатно користење и да служи како професионална кујна за здрава исхрана. Приватниот партнер ќе има обврска да инвестира во одреден дел и да го користи за профитабилни цели. Во делот на партнетството, опремата ја обезбедува УНДП, како и утврден надоместок за секое обучено лице.
Јавниот повик се очекува да биде објавен до крајот на јуни и посакуваме да победи најдобриот понудувач.
Активноста се реализира со поддршка на Швајцарската амбасада.
Извор: Општина Гостивар