spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Јавен повик

Гостивар: Јавен повик

Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ (Федерација за планинарство на Северна Македонија), ги повикува сите заинтересирани планинарки од Општина Гостивар, да се пријават на Обука за планинарски водичи – жени во Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови).

 

Обуката е бесплатна за 10 учеснички, поради обезбедената финансиска поддршка од Општината Гостивар.
Обуката за планинарски водичи – жени ќе трае 6 дена, распоредени во 3 викенди во септември 2022 (02 – 04, 09 – 11 и 17 – 18.09.2022)
Подготовката за Обуката за планинарски водичи ќе започне во јули со Приемен испит и со Основна школа која ќе се одвива во попладневните и вечерните часови.

Кој може да се пријави на Обуката за планинарски водичи – жени?

Општи услови се за пријавување на Обуката:
Навршени 18 години;
Најмалку IV степен образование (завршено средно училиште);
Документирана планинарска активност;
Способност за самостојно движење.
Каде ќе се одвива Обуката за планинарски водичи – жени?
Во просториите на Youth and Community Center до Градскиот парк во Гостивар, и на планинските терени на Шар Планина.
Пријавување до 1 јули на: kpv@t.mk
Горан Николоски: 070200506

Александар Стојановски: 078225034

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте