Наскоро во Гостивар ќе се отвори Мултифункционален центар за социјални услуги.
Преку овој центар ќе се обезбедува помош и грижа за лицата со попреченост и нивните семејства. Ќе работи во рамките на Центарот за аутизам кој е во изградба и ќе го опслужува целиот полошки регион.
Во мултифункционалниот центар за социјални услуги, преку обуки, лицата со посебни потреби ќе се оспособат за пазарот на трудот.
Проектот го реализираме во соработка со УНДП и Швајцарската амбасада во РСМ.
Извор: Општина Гостивар