Делегација на општина Гостивар учествуваше на Глобалниот земјоделски форум „Коња 2022“, како дел од организацијата „Агроситис“ каде членува и општина Гостивар, што се одржа во Република Турција во периодот од 25 до 27 мај годинава.
На оваа трибина нашата општина беше претставена од заменик градоначалникот, проф.др. Намик Дурмиши и советниот за соработка со Република Турција Гзим Хаџи Ејуп.
Во оваа прилика, нашата делегација оствари повеќе средби со различни општини, меѓу кои и Ибрахим Угур Алтај, градоначалник на Коња, официјални претставници и бизнисмени од Турција и пошироко, со кои разговараа за заеднички идеи и проекти во областа на агрокултурата и енергетиката кои можат да се реализираат со нашата општина.
Нашата делегација потпиша и Декларација за одржлив развој за урбано земјоделство и различност.
Тие се сретнаа и со амбасадорката на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон, на која и се заблагодарија за сите реализирани проекти во нашата општина.
Исто така, нашата делегација оствари средба и со претставници на општина Вареш – Република Босна и Херцеговина, кои изразија интерес за соработка со нашата општина.
Извор: Општина Гостивар