Владата на Северна Македонија останува посветена на усогласување на нејзините национални напори со Агендата за иновации за Западен Балкан. Во текот на изминатите години, Владата покажа високо ниво на посветеност на подобрување на националниот екосистем за истражување и иновации. Значајна сума од националниот буџет е доделена за поттикнување на истражувањето и иновациите.
Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во Тирана, Република Албанија на Министерскиот состанок на платформите на Западен Балкан за истражување и иновации, образование и обука, на кој покрај министрите за образование на земјите од опкружувањето, присуствуваат и Европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, г-ѓа Марија Габриел и генералните директори на директоратите за истражување и иновации и образование, култура и спорт.
Државниот буџет за истражување е двојно зголемен во споредба со претходната година. Најголем дел од финансиските средства е насочен кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура на факултетите и јавните научни институции. Ставајќи ги на маса дигитализацијата и Зелената агенда како хоризонтални приоритети, со Фондот за иновации се планира серија социјални предизвици кои ќе ги позиционираат иновациите како движечка сила за трансформирање на нашето општество и нашата економија и позиционирање на иновациите, изјави Шаќири.
Вреди да се спомене, рече министерот, дека Северна Македонија покажа силен неодамнешен напредок во процесот на идентификување приоритетни области за паметна специјализација со финализирање на Процесот на откривање на претприемништво, дури и во време на ограничувања COVID.
Министерот, ја истакна и потребата од нов Закон за иновациска дејност со цел соодветно да ја одрази промената на иновациската политика и глобалните социо-економски предизвици, насочени кон јавните инвестиции за зголемување на нивната ефикасност.
Министерскиот состанок за образование и обука оваа година во фокусот ја стави темата за учење за одржливост на животната средина. Во своето обраќање министерот Шаќири се надоврза дека зелениот раст значи поттикнување на економскиот развој, но истовремено грижа за природните ресурси и обезбедување благосостојба на граѓаните.
Овој предизвик бара паметни инвестиции и добра координација на сите засегнати страни од јавниот, приватниот и меѓународниот сектор. Затоа е важно образовниот систем да ги препознае потребите за зелена транзиција и да обезбеди ресурси за справување со климатските промени. Иницијативите за зелена и дигитална Европа се воведени и во новиот Концепт за основно образование, рече Шаќири.
Министерот ги информираше присутните дека е започната сеопфатна образовна програма за заштита на животната средина со негување на инклузивен и системски пристап. Програмата предвидува социјални иновации и иницијативи предводени од младите за зголемување на капацитетите за одржлив развој, како и воспоставување на мрежа за учење помеѓу училиштата и релевантните национални институции кои работат на заштита на животната средина.
Согласно новиот Закон за средно образование, додаде Шаќири формирана е работна група која работи на одделни поглавја за регулирање на инклузивното образование, демократското учество на учениците, исклучување на секаков вид дискриминација, функционирање на Регионалниот центри за стручно образование и обука, како и учење за еколошка одржливост.
Како втор чекор ќе следува изработка на Концепција за средно образование при што Европската рамка на компетенции за одржливост и Препораката на Советот на Европа за учење за одржливост на животната средина ќе бидат земени предвид како заедничка основа во развојот на програмите за образование и обука. Во таа насока во последните две години е зголемен интересот за верификација на посебни програми за неформално образование за зелени работни места и моментално имаме повеќе од 10 сертифицирани програми за неформално образование за зелени квалификации како што се: управување со системи на обновливи извори на енергија, користење системи на соларни панели, одржување на фотоволтаични системи, рече во своето обраќање министерот Шаќири.
Извор: Влада