Изградбата и реконструкцијата на локалната патна инфраструктура останува еден од приоритретите на Градоначалникот на општина Илинден и во наредниот период.
За таа цел, Општина Илинден ја реализира акцијата за „Градежна офанзива“ во чии рамки летово ќе се изврши реконструкција на повеќе улици и пешачки патеки во повеќе населени места во општината.
Во рамки на оваа акција, денес заврши санацијата на улица бр. 27 во населеното место Илинден, во вкупна должина од околу 300 метри. Со реконструкцијата на оваа улица, која беше многу оштетена, ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Извор: Општина Илинден