За стипендијата за студии на Harbin Engineering University во Кина, кандидатите треба директно да ја поднесат својата апликација до Универзитетот, а Комитетот формиран од страна на Универзитетот ќе ги избере квалификувани студенти.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе поддржи 10 до 15 квалификувани студенти за магистерски студии, со времетраење од 3 години и 10 квалификувани студенти за докторски студии, со времетраење од 4 години.
Краен рок за аплицирање е до 20 јули 2022 година.
Прилог: 2022-2023 Atomic Energy Scholarship of China
За стипендијата за студии на Kepco International Nuclear Graduate School (KINGS) 2023 во Република Кореја, кандидатите треба директно да ја поднесат својата апликација на https://www.kings.ac.kr/home.do, а Комитетот формиран од страна на Универзитетот ќе ги избере квалификувани студенти.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе поддржи најмногу 15 квалификувани студенти за магистерски студии, со времетраење од 2 години.
Краен рок за аплицирање е до 10 октомври 2022 година.
Прилог: 2023 KINGS Admission Guidelines
Извор: Министерство за образование и наука