spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество...

АХВ: Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски,  учествуваше на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, која од 21 до денес се одржуваше во Брисел, Белгија.

 

На маргините на конференцијата, во рамки на состанокот со земјите од Западен Балкан и Република Туркије, тој оствари средба со Викторија Виламар, раководител на Одделот за соработка и комуникација на Европската агенција за безбедност на храната- EFSA, во чија организација, се одржа конференцијата, заедно со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за хемикалии (ECHA), Европската агенција за животна средина (ЕЕА), Европската агенција за лекови (ЕМА) и Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC).

 

 

Во рамки на четирите тематски сесии – (ONE Life, ONE Planet, ONE Society and MANY Ways), секоја фокусирана на специфични аспекти на безбедноста на храната,  акцент на конференцијата беше ставен на состојбата со безбедноста на храната и добиточната храна, како и  на перспективата на одржливите прехранбени системи, фокусирајќи се на потребата од спроведување на пристапот „Едно здравје – една животна средина“ и истражување на можниот развој на науката за проценка на ризик. На завршната пленарна сесија на конференцијата се дефинира стратешката насока за тоа како дополнително да се унапреди безбедноста на храната.

 

 

brisel 3

 

Соработката и партнерството за поодржлива Европа се основите на четиридневната конференција “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, на која беа споделени голем број научни знаења и искуства и на која се отвори и дебата за клучните теми од политичката агенда на ЕУ.

 

1

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...