spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен

Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен

Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен.

Вистинското покачување на струјата кое власта сака да го сокрие е над 18%. Тоа значи ако до вчера едно домаќинство плаќало 4.000 денари, од 1 јули ќе плаќа скоро 5.000 денари.

Вистинскиот шок ќе следи во зимскиот период, особено за домаќинставата кои се грејат на струја. А такви има голем број, особено ако се земе во предвид дека власта и самата субвенционираше купување на инвертер клими со цел замена на старите грејни тела на тврди горива.

Па така домќинство кое се грее на грејно тело на струја и кое лани плаќало 13.000 денари месечно за струја, оваа година месечно ќе плаќа и над 28.000 денари.

Парите на граѓаните нема да стигнат буквално ниту за покривање на сметките.

СДСМ и ДУИ ја задолжуваат државата и ги осиромашуваат граѓаните. Премногу е.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте