Коалицијата ДПМНЕ-ДУИ на последната седница на Советот на Општина Велес изгласа одлука во која се предвидува нови 34 вработувања, со единствен изговор зголемен обем на работа.
Доколку се реализираат овие вработувања Општината месечно ќе исплаќа вкупно 872,715.00 денари нето, сума што е приближно иста со сумата која што општината би ја плаќала доколку се дадеше поддршка на иницијативата за бесплатна градинка, која што беше предложена од советниците на Левица.
Во услови на криза парите од граѓаните се трошат за плати на непотребно вработени партиски членови.
– Излагања на советничката група од Левица во Советот на Општина Велес
Извор: ЛЕВИЦА