spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Пуштена во употреба новата спортска сала во Муртино

Струмица: Пуштена во употреба новата спортска сала во Муртино

Градоначалникот Костадин Костадинов и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ја пуштија во употреба новата спортска сала во  основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Муртино.

Инвеститор на овој проект беше Владата на Република Северна Македонија, се реализираше преку Министерство на образование и наука, а во изградбата  учествуваше и Општина Струмица со навремено и квалитетно завршени обврски во износ од над 700.000 денари.

Салата со површина од 650 метри квадратни обезбедува  квалитетни услови за реализација на часовите по физичко образование за 465 ученици и тоа не само од Муртино, туку и од населените места Сачево, Банско и Габрово.

Нема ништо поубаво и помотивирано за еден Градоначалник кога и во време на криза од повеќе аспекти, се гради во неговата Општина и се реализираат проекти во интерес на граѓаните, рече меѓу другото градоначалникот Костадинов.

 

 

 

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте