spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири: Наставниците, училиштата и општините се моќен фронт во борбата против...

МОН: Шаќири: Наставниците, училиштата и општините се моќен фронт во борбата против дискриминацијата, образовните реформи се насочени кон мултикултурализам и толеранција

Добро е што прашањата поврзани со дискриминацијата во општеството се повеќе се популаризираат и што во борбата против оваа негативна појава секојдневно се приклучуваат нови сили и се интензивираат активностите, што дава надеж дека состојбите можат и се менуваат на подобро. Се трудиме и веруваме дека секоја општина, секое населено место во Северна Македонија постепено станува подобра средина за живеење во која сé повеќе се чувствува праведноста, рамноправноста и еднаквоста меѓу граѓаните, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на панел дискусијата каде беа презентирани наодите од истражувањето на дискриминацијата во средните училишта во Гостивар, спроведено со поддршка на програмата „Млади градови“, во рамки на проектот „WeUnity“.

Крајната цел на проектот е подобрување на односите меѓу младите од различно етничко, религиозно, политичко и социјално потекло во Гостивар како мултиетничка локална заедница.

Министерот Шаќири нагласи дека најдобриот начин да се влијае на младите е тоа да биде системски, преку воспитно – образовниот процес.

„Затоа започнавме со реформи, особено ќе ги издвојам промените во основното образование кои, меѓу другото, се насочени и кон тоа младите меѓусебно повеќе се почитуваат, да ги почитуваат различностите, да бидат толерантни и еднакви спрема сите во нивното опкружување и секојдневие. Етапно ги менуваме наставните програми и подготвуваме нови учебници, кои согласно новата Концепција за основно образование, во себе интегрираат содржини посветени на мултикултурализмот, родовата еднаквост, солидарноста и недискриминацијата“, посочи министерот за образование и наука, додавајќи дека тоа се вистинските вредности кои младите во нашата земја треба да ги стекнуваат, а модерните образовни системи многу одамна ги интегрирале овие вредности и ги насочуваат младите кон нив.

Промените во образованието кои започнаа од оваа учебна година се имплементираат согласно планот за реформи кој е поддржан од Владата, од Собранието, од експертската јавност, од граѓанскиот сектор и од меѓународните организации и институции. Министерот Шаќири потенцираше дека за успешна имплементација на реформите неопходно е активно вклучување на локалните самоуправи и општинските раководства и ја нагласи важноста на младинскиот и граѓанскиот активизам во наоѓањето решенија за предизвиците во чија основа лежи дискриминацијата.

„Дискриминацијата постои не само во Гостивар, туку помалку или повеќе во целото наше општество, и затоа е неопходно јакнење на соработката меѓу младите, граѓанското општество, владините институции и политичките партии кои заеднички ќе работат на подобрување на меѓуетничките односи, толеранцијата и соживотот“, рече министерот Шаќири.

Во панел дискусијата учествуваа и градоначаникот на Гостивар Арбен Таравари и пратеничка во Собранието Моника Зајкова.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте