Владата денес објави дека францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница, со што се потврди изјавата на претседателот на Левица, Димитар Апасиев дека ќе се заобиколи собраниската комисија. Повторно се крши Деловникот со цел да се шверцува предлогот во Собрание!
„Мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично. Моите информации говорат дека ќе се обидат да прескокнат комисиска расправа и да оди директно на пленарна седница. Тоа не е деловнички, тоа е шверцување. Тогаш ќе има тригер за поголемо собирање кај Собранието.
Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме предавство, кое е повеќекратно поголемо од преспанското предавство.”
Извор: ЛЕВИЦА