На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, кажа дека Протоколот не се објавува под изговор дека истиот не е финализиран и потпишан.
Во Општиот став на ЕУ, кој се однесува на отворање на преговорите со Македонија, јасно се упатува на член 12 од Договорот со Бугарија и на Протоколот, кој шминкерски се нарекува Годишен извештај или преглед.
Со други зборови ПРОТОКОЛОТ Е ДЕЛ ОД “ФРАНЦУСКИОТ” ПРЕДЛОГ.
Имајќи го ова предвид, како може Протоколот да не е финализиран, кога истиот е дел од “францускиот” предлог?
Или пак ако истиот навистина не е финализиран, тогаш како Собрание ќе одлучува по “францускиот” предлог кога дел од тој предлог е нефинализиран Протокол?
Основна карактеристика на демократија се информирани граѓани и носење одлуки транспарентно врз основа на информации.
Денешната прес-конференција е класична прес-конференција на автократски режим чија цел не е да информира, туку да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации.
Затоа ве повикуваме и денес, во 19 часот, да излеземе масовно на протест за да му кажеме НЕ на хибридниот режим и неговите автократски методи!
Извор: ЛЕВИЦА