spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата

Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им беше укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година.

Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично.

МОН потсетува дека, согласно Уставот на Република Северна Македонија како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19 и 229/20), со кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование.

Инаку, станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...