Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед.
Исплатени се 1013 корисници во висина од 19.3 милиони денари.
“Досега за оваа подмерка од интервентиот фонд, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој целосно ги разгледа и одобри барањата на 6488 корисници кои имаат добиено финансиска поддршка во износ од над 105 милиони денари вкупна сума “ – посочи директорот Никица Бачовски.
Корисници на оваа подмерка сe земјоделски стопанства кои во производната 21/22 година имаат засеани површини со пченица, јачмен и пченка како и имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 1ви декември 21 до 31 мај 22 година .
Висината на финансиската поддршка изнесува:
4000 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар за пченка и пченица
2500 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар за јачмен
2500 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку 100 килограми по хектар за сончоглед или
400 денари / хектар за трошок за набавка на течни фолијарни ѓубриња и тоа во количина најмалку од 6 литри по хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој