spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Исклучени 15 возила кои вршеле подготовки за организирање диви трки на...

МВР: Исклучени 15 возила кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје

На 20/21.07.2022 на булевар ,,Маршал Тито“ биле исклучени 15 возила со македонски и странски регистарски ознаки согласно член 344 став 2 и 3, кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно. Кон нив се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...