spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски призна дека со Апасиев се изолирани и сами против ЕУ а...

Мицкоски призна дека со Апасиев се изолирани и сами против ЕУ а фарсата за референдум нема поддршка ниту од опозицијата

Христијан Мицкоски призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ.

Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од другите опозициски партии.

Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си.

Целото свое политичко делување Мицкоски го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните.

Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет.

Впрочем исто така беше и за лагите дека со Договорот од Преспа ќе се избирише АСНОМ, за кантонизација и федерализација, за Законот за употреба на јазиците.

На усвоени заклучоци од Собранието, на заштитен македонски идентитет, на почнати преговори со ЕУ со чиста формулација на македонскиот јазик, Мицкоски нема повеќе простор.

Никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...