spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава

Град Скопје: Прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава

Градот Скопје ги информира  граѓаните дека на 05.08.2022 година (петок) ќе започне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 08.08.2022 година (понеделник) дезинсекцијата против возрасни форми на комарци.

Прскањето ќе се врши според следниов распоред:

  1. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 05.08.2022 година (петок), во текот на денот.
  2. Авионската дезинсекција, против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 06.08.2022 година (сабота), во раните утрински часови.
  3. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 08.08.2022 година (понеделник) до 11.08.2022 година(четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МТСП: Велковски во Струмица – Лицата со попреченост бараат целосен ремонт...

0
Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставри средби со граѓански организации кои...