spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“

Центар: Нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“

Општина Центар започна со поставување на нова атмосферска канализација на крак од улицата „Никола Тримпаре“, кој минува веднаш до матичниот објект на градинката „13 Ноември“.

Овој зафат се изведува на барање на граѓаните кои живеат во околните згради, кои повеќе пати се жалеа до општината. На овој потег поради старата и дотраена атмосферска канализација после секој обилен дожд се собира вода и се отежнува движењето.

Активностите опфаќаат поставување на нова атмосферска канализација во вкупна должина од 40 метри и нови сливници за полесно справување со отпадните атмосферски води.

Реконструкцијата на кракот од „Никола Тримпаре“ ќе биде завршена идната недела, во моментов, Општина Центар ги реконструира улиците „Петар Поп Арсов“ и „Козара“, а наредни за реконструкција се улиците „Рајко Жинзифов“, „Адвокатска улица“ и пробивањето на улицата „Партизанска“.

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте