spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Даночна реформа за праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем

УЈП: Даночна реформа за праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, денеска пред претставници на сите коморски здруженија во земјава ја претставија предлог даночната реформа. Даночните реформи како што беше посочено на средбата, ќе придонесат за поефективно и поефикасно прибирање на приходите во буџетот, а потоа тие приходи, кои се пари на граѓаните, на најефикасен и транспарентен начин да се искористат за обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Даночната реформа ги опфаќа данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите и еколошката даночна политика, а предвидените законски измени во најголем дел се планира да се применат од 1 јануари 2023 година. Предвидени се решенија кои ќе придонесат за проширување на даночната база преку таргетирање на повластените даночни третмани т.е. даночните ослободувања. Се предвидува ревидирање на даночните стимулации при што ќе се креира фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање на инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии кои поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација. Во делот на ДДВ промените се однесуваат на понатамошно зајакнување на основните принципи на системот на ДДВ, како и допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници. Во дебатата ќе биде опфатено и прашањето на Данокот на личен доход во контекст на прогресивното оданочување и рамниот данок.

Предложените решенија се однесуваат на потребата од обезбедување поголема вертикална и хоризонтална праведност на даночниот систем и проширување на даночната основа преку намалување на даночните расходи. Оваа реформа, исто така, ќе има позитивно влијание на намалување на неформалната економија, односно нејзината формализација и сузбивањето на даночните затајувања ќе доведат до зголемени даночни приходи, поквалитетни услуги од инститиуциите и поголема социјална сигурност на граѓаните. Имплементацијата на реформата треба да води до зголемено учество на приходите во БДП, а тоа до поквалитетни услуги во јавниот сектор, подобра инфраструктура, образование, здравство, дигитализација и зелена транзиција, конкурентност на економијата и забрзан и одржлив економски раст.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте