spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваРеорганизација на државната администрација, наш приоритет

Реорганизација на државната администрација, наш приоритет

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири,  учествуваше и им се обрати на работните групи на семинарот за Реорганизација на државна администрација и менаџмент на промени во Република Северна Македонија и семинарот за ефикасност на јавните институции во Република Северна Македонија.

 

Учесници на овие два семинари беа претставници од сите министерства и странски и домашни експерти вклучени во овој важен проект.

 

“Ние сме решени да го однесеме овој проект напред, да ја оптимизираме целокупната институционална рамка, да ја подобриме испораката на јавните услуги, да ги зајакнуваме етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, и меѓу друго да спроведуваме функционална анализа и да донесуваме нов Закон за организација на органите на државната управа” истакна министерот Шаќири.

 

На состанокот министерот спомна дека без реорганизација на органите на државната управа и елиминирање на преклопувањата на надлежностите не постои вистинска реформа на јавната администрација.

 

“Заложбите нa Владата на Република Северна Македонија се во насока на интеграција на државата во Европската унија, а ова зависи од капацитетот на јавната администрација да го транспонира европското законодавство и да обезбеди соодветна примена”, рече министерот Шаќири.

 

На крајот на говорот министерот истакна дека имплементацијата на препораките е од особена важност, не само за самиот процес туку и за идните трансформации во институциите.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна...