Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.9, а индексот на цените на мало изнесува 102.5. Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 4.8 %, сирењето и урдата за 4.5 %, млекото за 3.6 %, свежото и разладеното овошје за 2.9 %, виното за 2.5 %, месото за 1.8 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 1.1 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.0 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.4 % и кафето, чајот, какаото за 0.2 %.
Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 36.5 %, туристичките аранжмани за 11.3 %, електричната енергија за 9.9 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 8.8 %, услугите за сместување за 5.9 %, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 5.0 %, другите печатени материјали за 3.3 %, рестораните, кафулињата и слично за 3.1 %, моторциклите за 2.7 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 2.6 %, електричните апарати за лична хигиена за 2.5 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.4 %, велосипедите за 2.3 %, течните горива за домаќинствата, цврстите горива за 1.8 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.6 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1.5 %, производите за домаќинставата-нетрајни, домашните миленици и сродните производи за 1.4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.2 %, гасот за домаќинствата за 1.1 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.0 %, другите лични предмети за 0.8 %, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 0.7 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 0.5 %, мебелот и покуќнината, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, медиумите за снимање, канцелариските материјали и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.4 %, облеката, другата облека и додатоците за облека, патниот патнички транспорт, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, поправките и изнајмувањето на обувките, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, парамедицинските услуги, другите услуги неспоменати на друго место за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 6.4 %, рибата и морските плодови за 1.8 % и маслото и маснотиите за 1.6 %.
Во јули, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај актуелните ренти исплатени од станарите за 2.7 %, другите медицински производи за 1.7 %, другото образование за 1.1 %, моторните возила за 0.9 %, теписите и другите подни покривки, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.8 %, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 %. Индексот на трошоците на животот во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи зголемување од 16.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14.0 %.
Извор: Државен завод за статистика