Попладнево, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во рамките на караванот “Најдоброто за нашата општина” оствари маалски средби со жителите на општина Сарај.
Спасовски пред присутните се осврна на реализацијата на бројните локални проекти помогнати од централната власт и во соработка со локалната власт.
„Постојано инвестираме во подобрување на патната инфраструктура, а во овој дел за овие четири години се рехабилитираше возната лента на автопатската делница Сарај – Групчин со должина од 16 км, се изгради 3,6 км од регионалниот пат Сарај-Радуша, 2 км од регионалниот пат Сарај – Семениште, а во мај претходната година заврши тендерската постапка за изградба на патот Карпалак – Желино во должина од 12,2 км“, потенцираше Спасовски.
Жителите на општина Сарај ги пофалија вложувањата и во другите сектори како што е проектот за изградба на објект и опрема за детска градинка во село Кондово, но и изградбата на новата Поликлиника во Сарај која е во тек, а треба да е готова до крајот на оваа година, како и многу други проекти за оваа општина поддржани од Владата на Република Северна Македонија.
Продолжуваме со граѓаните, ќе го посетиме секое маало, секое населено место, секој град и општина. Како партија, но и како одговорна власт секогаш ги слушаме граѓаните, разговараме за нивните предлози, идеи и сугестии кои подоцна ги преточуваме, во конкретни проекти.
Извор: СДСМ