spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Програма за стипендии Марија Склодовска - Кири (MSCFP) на Меѓународната агенција...

МОН: Програма за стипендии Марија Склодовска – Кири (MSCFP) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

Програмата за стипендии Марија Склодовска – Кири (Marie Sklodowska-Curie Fellowship Programme) е континуирана иницијатива која има за цел да ги охрабри младите жени да да продолжат со својата кариера во областа на нуклеарната наука и технологија, нуклеарната безбедност и неширење на нуклеарното оружје.

Процесот на аплицирање за циклусот MSCFP 2022 е отворен на 15 јули 2022 година, a крајниот рок за пријавување е 30 септември 2022 година. Стипендиите ќе се доделуваат за магистерски студии во области поврзани со нуклеарната наука, со можност за продолжување на практикантска работа со помош на МААЕ до 12 месеци. Kандидатките можат да аплицираат за овие стипендии за академските години 2022/2023 и 2023/2024.

Оваа година Програмата  Марија Склодовска – Кири  ќе стипендира до 15избрани кандидатки, во зависност од расположливите средства. При нивното доделување ќе се води сметка за географската застапеност, јазичната разноликост и дали апликантката претходно има добиено стипендија од МААЕ.

Повеќе информации за MSCFP, како и за начинот на аплицирање може да најдете на www.iaea.org/MSCFP.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...