spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСо регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство

Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, присуствуваше на отворањето на првиот Меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград.

– Балканот е отворен за соработка, развој, напредок и градење нови пријателства кои сигурно обезбедуваат просперитет за граѓаните и водат кон Европската Унија, испрати порака на својот Фејсбук профил вицепремиерот Маричиќ.

Автентичноста на нашите производи произведени од македонските земјоделци, претставени на овој саем, ја отсликуваат нашата традиција и култура, смета Маричиќ.

Според него македонските производи поради препознатливоста и единственоста, ги прави конкурентни и барани не само на регионалните, туку и на светските пазари.

Маричиќ додава дека Владата ќе продолжи дополнително да дава поддршка за стопанството преку отворање на нови можности за интегрирање на македонскиот во европскиот пазар.

Извозот, откупот, новите пласмани на пазарите во регионот и Европа на македонските храна и вина се поддржани преку програмата ИПАРД која директно придонесува за подобрување на пазарната ефикасност и за приближување до стандардите на ЕУ во земјоделско-прехранбениот сектор, како и за развој на економијата во руралните средини, истовремено придонесувајќи за зајакнување на домашната економија.

– Во периодот 2014-2020 год. преку ИПАРД II програмата беа обезбедени 60 мил.евра, од кои во првата половина од годината беа исплатени речиси 50% од вкупниот износ. До крајот на 2023 год., односно до затворањето на ИПАРД II, очекуваме оваа стапка значително да се зголеми, имајќи предвид дека договори со потенцијалните корисници се склучени за целиот износ на Програмата.

Поддршката за земјоделско-прехранбениот сектор и економијата во руралните средини ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

На Саемот во Белград од Северна Македонија учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, како и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

Македонската туристичка понуда пак е претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и е фокусирана на македонскиот етно-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...