spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОтворени се преговорите со Европската Унија

Отворени се преговорите со Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакна дека после 17 години ЕУ денеска во Брисел го започна скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија.

„Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија. Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата. Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество. Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот“, истакна  премиерот Ковачевски.

Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација во Брисел ја преводи вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ. Од 15 -27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области.
 

 

Извор: Влада

Прочитајте

ДКСК: Средба со Националниот демократски институт (НДИ)

0
Претседателката Татјана Димитровска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) остварија работна средба со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На средбата...