Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
На средбата се разговараше за пописот на населението, којшто беше спроведен во нашата земја и важноста на податоците кои произлегоа од оваа статистичка операција при креирање на добри и одржливи политики за населението.
Вицепремиерката Грковска потенцираше дека пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при креирање на националните стратегии. Нагласи дека пописот, како статистичка операција, дава увид во состојбата на теренот, обезбедува релевантни податоци врз основа на кои се дефинираат понатамошните политики, со кои ќе се постигне и рамномерен регионален развој.
Во таа насока и директорот Симовски нагласи дека податоците од пописот се важни за сите нивоа на власта, затоа што тој е сеопфатен и дава најреална основа за планирање на идниот развој.
Извор: Влада