На ден 19.09.2022 година, во просториите на Општина Дојран, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Дојран. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Дојран Милка Ајцева од едната страна и Градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов од дргата страна.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Дојран и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишвуањето на Колективниот договор и истакна дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања на вработените.
Извор: УПОЗ