spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиПотпишан уште еден поединечен Колективен договор

Потпишан уште еден поединечен Колективен договор

Вчера 16.06.2021 година, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Аеродром. Со потпишувањето на колективниот договор дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.

 

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Аеродром претставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Славе Еленовски од една страна и Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин го потпишаа Колективниот договор за вработените во општина Аеродром.

 

 

 

Со овој Колективен договор, кој за прв пат се потпишува во Општина Аеродром се унапредуваат правата од работен однос на вработените во општината, се решаваат прашањата од интерес на вработените и работодавачот и се утврдува постапката за решавање на меѓусебните односи.

 

Синдикатот на УПОЗ и во периодот кој следи ќе продолжи со активностите со потпишување на колективни договори на ниво на работодавач.

Извор: УПОЗ

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...