spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Потпишан договор за соработка со Украина

АМС: Потпишан договор за соработка со Украина

Вчера во Украина директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски потпиша Договор за соработка за млади, физичка култура и спорт.

Препознавајќи ја важноста на понатамошното развивање на билатералната соработка, размената на искуствата, перспективите и приоритетите во областа на младите, физичката култура и спортот, а со желба за зајакнување на постојните пријателски односи и соработка помеѓу двете земји, со украинскиот министер за млади и спорт, ставивме акцент на размена на информации кои се однесуваат на планови за развој на полето на млади, физичката култура и спортот.

Размена на експерти/стручни лица од областа на физичката култура и спортот, како и размена на информации и публикации на теми кои се однесуваат на градење и реконструкција на спортски објекти, спортска медицина и антидопинг активности беа темите за кои разговараа двете страни.

Делегацијата на Украина, предводена од Тарас Качка, заменик за развој на економија, трговија и земјоделство, заедно со македонската делегација предводена од министерот за економија, Крешник Бектеши, соработката помеѓу двете земји ја издигна на високо ниво, со посебен акцент на економскиот развој, младите и спортот.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...