spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта троши буџетски пари за морски плодови среде криза, додека половина милион...

Власта троши буџетски пари за морски плодови среде криза, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари на ден

Среде тешка економска криза антимакедонската СДС безмилосно ги троши народните пари на луксузирање. Додека народот едвај врзува крај со крај Службата за општи и заеднички работи на Владата за 20 илјади евра набавиле морски плодови, риба и октоподи.

Клептоманите од владата освен за морски плодови, потрошија 250 илјади евра за мебел, 5 милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата.

Бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден. Бесрамно е да има 100% реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30%. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат, а владата да арчи.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...