spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Упешно извршена трансплантација на срце од починат донор

МЗ: Упешно извршена трансплантација на срце од починат донор

Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46 годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот. На Клиниката за урологија се направени и две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа. Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување.

-Голема благодарност до семејството  на донорот, до нејзинте три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи. Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме. Би сакал да се заблагодарам  и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај  својата голема болка исто така изразија подготвеност да  ги донираат органите. Овие две смејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот. До колегите лекари од клиниките за КАРИЛ, неврохирургија, кардиохирургија, урологија, нефрологија, кардиологија, трансфузиологија, рендген, ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и се уште работат, им благодарам  за сета пожтвуваност која ја покажаа овие два дена. На пациентите кои добија орган и посакувам побрзо опоравување, посочи министерот Беким Сали.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте